Додека Меси сè уште е активен, според мене Марадона и натаму е најдобар на сите времиња

112

Зад нас се четири натпревари од 2.коло во групната фаза на овој Мундијал. Секако дека може и треба да бидеме задоволни од тоа што го видовме, посебно од Лео Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Аргентина ја победи Австрија со 2:0, Франција славеше против Ирак со 3:0, Норвешка го победи Сенегал со 3:2, а Алжир беше подобар од Јордан со 2:1. Гостин во нашата редовна рубрика “Коментар на денот“ е Артим Шаќири.

-Меси ги урна сите рекорди. Дали конечно може да ја прекинеме дебатата и да кажеме дека тој е најдобар на сите времиња…

Додека Меси сè уште е активен, според мене Марадона и натаму е најдобар на сите времиња. Кога Лео ќе престане да игра е тогаш можеме да го ставиме на престолот, вака Марадона и натаму е нај, нај. Барем според мене. Инаку импонира тоа што човек на 39 години, утре му е роденден, игра така лесно, како од шега дава голови. И сето тоа благодарение на професионалноста, спортскиот живот и гладта за успеси. Тука мислам и на Роналдо и на Модриќ. Светскиот првак си гази, но селекторот Скалони има проблем. А тоа е дека голови дава само Меси. Каде се Алварез и Лаутаро? Кога ќе ги имаш за ривал Франција или Шпанија, нема да може само Меси да ја носи победата, но за тоа потоа“.

-Мбапе уште еднаш ја покажа сета своја класа…

Како прво Мбапе е меѓу ТОП-3 играчи во моментов. Има среќа што игра во најсилната селекција во светот, покрај себе ги има Дембеле, Олисе, Дуе, Черки и останатите мега – ѕвезди. Мбапе сака титула, Мбапе сака да биде најдобар на ова СП и оди кон тоа. Франција речиси рутински го победи Ирак, два гола на Килијан, Франција секако е дека е меѓу ТОП фаворитите за титулата, но вистинската сила ќе ја видиме во нокаут фазата. Таму нема да има поправен. Таму ќе решава еден гол, еден кикс, еден магичен потег. Сепак, Франција има тим и тоа како, за пехарот“.

-Халанд блеска, Норвешка блеска…

Јас и пред почетокот на ова СП кажав дека оваа селекција на Норвешка има сила и квалитет за нешто повеќе. По 2.коло веќе е во нокаут – фазата, меѓусебе со Франција ќе решаваат кој како првопласиран а кој како второпласиран ќе оди во следната фаза. Норвешка може далеку да стигне, но се зависи од противниците кои што ќе ги има. Норвежаните не се во рангот на тие ТОП фаворити, но се фаворити од сенка. Очекувам да бидат големото позитивно изненадувања. Го имаат Халанд кој фантастично го почна Мундијалот, ама имаат и тим за високи дострели. Ја имаат и таа потребна атмосфера, кохезија во тимот и како што реков можат против секого да бидат непријатен противник“.

-Алжир ја оправда улогата на фаворит против Јордан…

Па, нема што многу да се говори за овој меч. Победата и трите бода отидоа кај селекцијата од Африка која сега има шанса да се најде и во нокаут – фазата. Уште еднаш да кажам, тоа го напоменав и во минатиот коментар, дека просто уживам во овој Мундијал. Убав фудбал за гледање, за анализирање, отворен и напаѓачки на гол повеќе, многу голови се постигнуваат, само вака да продолжи за да ние неутралните и натаму уживаме во ова СП“ заврши Шаќири.

ПретходноОфицијално: Кузманоски е нов тренер на Строволу
Следно„Викинзите“ на свој начин ја прославија новата победа, поддршка стигна и од Парламентот (ВИДЕО)