Тажна вест во Македонија. Денеска почина Јовица Илиевски, градоналникот на Брвеница и долгодишен член на фудбалската репрезентација на Македонија.
Роден во 1968 година и беше дел од општествено политичкиот живот во Македонија.
Попладнево негови пријатели, познаници и партијци ја споделуваат веста и секако упатуваат зборови со најголема тага и сочуство.
Со пригодни зборови се огласи и Фудбалската федерацијата на Македонија.
“Златен човек.
Во времиња кога сите сакаат да бидат забележани, тој избра да биде корисен. Златен човек.
Јовица Илиевски, дел од едно важно поглавје на македонската репрезентација.
Вечна му слава и нека почива во мир“.










