Младинците успешно го одработија првиот дел од подготовките, следуваат контролите

33
ФОТО:mkd.basketbal

Зад младите кошаркари е првиот период од подготовките во кој селекторот Никола Велев и неговите соработници имаа можност да се запознаат, да се уверат во моменталната, пред се, физичка подготовка на кандидатите за место во „финалните 12“ за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години во Братислава.

По оној прв дел, вториот, со себе ги носи и првите контролни натпревари за нашата младинска селекција.

Утре попладне, од 18.часот, во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ни гостува соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

А двете селкции ќе одиграат уште една контролна средба, која ќе се игра 24 часа подоцна, на истото место.

Доволно за мал осврт на сработеното, но и она што следува во наредниот период од страна на селекторот Никола Велев:

Веќе сме влезени во вториот микроциклус, период во кој ќе одиграме четири пријателски натпревари. По две со селекциите на Босна и Херцеговина и Бугарија. Овие натпревари ќе ни послужат не само за да добиеме моментална слика за нашата работа во изминатиот период, туку и за да го одржиме континуитетот на раст и развој како екипа, што би требало да кулминира на Европското првенство во Словачка”– коментира Велев пред утрешната „контрола“ против селекцијата на БиХ.

ПретходноШкендија го потврди трансферот на Вебстер во Романија! (ФОТО)
СледноПортугалија го гази Узбекистан: Кристијано Роналдо “БОМБАРДИРА“!(ВИДЕО)