Официјално: Тиквеш го промовираше Попзлатанов!(ФОТО)

63
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Тиквеш попладнево промовираше уште едно ново име, а тоа е Јован Попзлатанов (29). Искусниот офанзивен бек, кој може да игра и по левата и по десната страна во изминатата полусезона го носеше дресот на Работнички. Претходно беше дел и од Македонија ЃП. Бил дел и од екипите на Вардар, Тетекс, Пелистер а има и интернационална кариера во Летонија.

ГФК Тиквеш 1930 со големо задоволство го претставува нашето најново засилување – Јован Попзлатанов.

Станува збор за фудбалер со богато прволигашко искуство, лидерски карактер и победнички менталитет, кој ќе донесе дополнителен квалитет, стабилност и енергија во редовите на нашиот тим.

Неговото искуство и професионален однос ќе бидат од огромно значење за развојот на младите фудбалери, но и за остварување на целите и амбициите кои клубот ги поставува за претстојната сезона.

Му посакуваме многу здравје, успешни настапи и заеднички победи во црвено-белиот дрес.

Добредојде во Тиквеш, Јован!на ваков начин кавадарчани го претставија своето ново засилување.

ПретходноИнтересно: Силекс и Шкендија реваншите од 1.коло во ЛК ќе ги играат во ист ден во Скопје, од 20 часот!
СледноКуПС ја доби “голеадата“ со Илвес!