Репрезентативката Јанкуловска се пресели во Франција

67

Македонската ракомента репрезентативка Марија Јанкуловска во новата сезона ќе има нов предизвик. Јанкуловска во новата сезона заминува во Франција, каде ќе настапува за екипата на Париз 92.

Во текот на минатата сезона таа го носеше дресот на Ѓорче Петров.

“Многу сум возбудена што се приклучувам на Париз 92 и што започнувам ова ново поглавје! Едвај чекам да се запознаам со сите и да започнеме. Се радувам на напорната работа, да растеме заедно и да постигнеме одлични работи како тим следната сезона. Се гледаме наскоро”, изјави Јанкуловска по промоцијата во новиот клуб.

Претходно„Викинзите“ на свој начин ја прославија новата победа, поддршка стигна и од Парламентот (ВИДЕО)
СледноМиленкоски: Имаме активен резултат, во трка сме за пласман на ЕП 2028