Дојде Обрадовиќ и го “пречкрта“ Ти-Џеј Шортс!(ФОТО)

168
ФОТО: Panathinaikos BC/FB

Толку беше од репрезентативецот на Македонија во Панатинаикос. Епизодата на Ти-Џеј Шортс во Панатинаикос беше краткотрајна, бидејќи плејмејкерот, се збогуваше со зелениот дрес на гигантот од Атина. Интересно, ова доаѓа откако Жељко Обрадовиќ се врати во клубот од Атина.
Веста за разделбата со играчот, кој пристигна ова лето како играч на сезоната во дресот на Париз, ја потврди Панатинаикос на официјалната веб-страница, збогувајќи се со играчот кој не блесна со својата препознатлива брилијантност во Атина.
„Ти благодараме Ти-Џеј Шортс, остави сè на паркетот и го направи секој момент посебен. Ти посакуваме се најдобро во твоето следно поглавје. Еднаш зелен, секогаш зелен“, се вели во прошталната порака на Панатинаикос од Шорт.
Заедно со збогувањето од „зелените“, медиумите веќе шпекулираат каде репрезентативецот на Македонија ќе ја продолжи својата кариера, а специјализираниот кошаркарски портал „Баскет њуз“ тврди дека овој плејмејкер е блиску до преселба во Валенсија.

ПретходноКлоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)
СледноРоналдо: Рекордите се убави, но мојата амбиција отсекогаш била да му помогнам на националниот тим!