Новиот член на ракометната Суперлига, екипата на Младост од Богданци, денеска се пофали со големо засилување за следната сезона. Станува збор за корпулентниот Владомир Бојаниќ, српски интернационалец кој од неодамна има и македонски пасош и кој следната сезона ќе ја мине во составот од Богданци.
205 сантиметри високиот пивотмен треба да донесе квалитет во тимот кој има намера да биде дел од елитата подолг период.
Поранешниот член на Металопластика, Војводина, Горење Белење, Бешикташ, Охрид, со богато мегународно искуство доаѓа во Богданци.
„Со неговото доаѓање, Младост добива нова димензија во играта и јасна порака до сите ривали – Богданци гради тим подготвен за големи предизвици и повторно да стане неосвојлива тврдина како во минатото“, порачаа од составот на Младост.










