Младинците со убедлива победа на првата „контрола“ со БиХ

96
фото: mkd.basketball

Машката младинска селекција на Македонија со победа над БиХ, и тоа доста убедлива (85:55) го отвори оној втор дел од подготвителниот период во кој во „преден план“ ќе бидат контролните натпревари.

Вечерва, во малата сала на СРЦ „Кале“, избраниците на селекторот Никола Велев делуваа доста сигурно во текот на сите 40.минути, и на крајот се наградија со убедлив триумф во првиот од двата предвидени пријателски натпревари со врсниците од Босна и Херцеговина.

Уште од самиот почеток на „контролата“ нашиот младински состав наметна свој ритам на игра. И за релативно кратко време се стекна со сосема солидна предност, која на истекот на првите десет минути беше и двоцифрена (20:9).

Доста поизедначено се играше во вториот период на оваа прва проверка за нашиот национален тим „под 20“ години. Но до истекот на првото полувреме Македониај задржа поголем дел од позитивата, водеше со (43:34).

Во продолжението на натпреварот, уште посигурна игра, особено во одбраната на нашите млади кошаркари, кои константното водство го претворија во скоро недостижно.

И по три одиграни четвртини, Македонија се одвои на (59:40).

Ништо не променивме во првиот настап ниту во последниот дел од играта. Имаше нашата селекција предност и од 25.поени (74:49) во средишниот дел од финалната четвртина.

Марјановиќ беше прв стрелец во нашата селекција, постигна 16.поени (имаше и шест асистенции и четири скока). Димитриев исто така беше двоцифрен, постигна 11.поени (додаде и девет скока).

А освен тоа, сите 13 кошаркари на кои селекторот Велев им даде шанса, се „запишаа“ во протоколот на овој натпревар.

Утре попладне, во исто време, од 18.часот, на исто место, мала сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар.

ПретходноРивс останува во ЛА со најголем договор на недрафтуван играч во НБА лигата
СледноБањаја си оди од Дукати и од 2027 ќе вози за друг Мото ГП тим