Она што Спортспорт го најави уште пред десетина дена, денеска тимот на Силекс и официјално го потврди. Кратовци летово се посилни за Нихад Шеро односно Есмир Хасукиќ.
Шеро настапува на крилните позиции во нападот, а во кариерата има настапувано за клубови од Босна и Херцеговина, а во Кратово пристигна од редовите на ФК Челик Зеница.
Од друга страна пак, Хасукиќ е напаѓач кој што доаѓа од тимот на Гошк Габела.
И обајцата веќе се дел од подготовките на тимот кој што во моментов се наоѓа во Охрид.















