Навивачката група „Чкембари“ верните следбеници на битолскиот миленик Пелистер денеска излегоа со соопштение со кое сакаат да ја потсетат јавноста во овој град пред се околу случувањата во фудбалскиот клуб.
Како што самите Чкембари велат, помина еден месец од еден од најголемите дебакли во историјата на фудбалскито клуб Пелистер и исшаѓањето од ПМФЛ конкуренцијата по загубениот бараж дуел против Шкендија Арачиново.
Сега, откако што се вели бељата е направенат, во ФК Пелистер се најавени коренити промени, пред се од структурален карактер. Ќе има целосно нова управа, а што се однесува до спортскиот дел, Чкембари типуваат на Димитар Митревски, човекот кој што одлично ја заврши задачара во оделот на спортски менаџмент. Па така, верните навивачи на Пелистер сметаат дека токму Митревски е идеалното решение за клубот во овој многу специфичен момент.










