Валенсија по вторпат во историјата е кошаркарски шампион на Шпанија

114
фото: Valencia Basket Club (X)

Кошаркарите на Валенсија ја освоија титулата во шпанското првенство, откако во финалната серија ја совладаа Барселона со 3-1. Вечерашниот одлучувачки натпревар, „лилјаците“ го добија како гости со резултат од 108:84.

Најзаслужен за решавачкиот триумф на Валенсија беше плејмејкерот Џан Монтеро со 23 поени, 3 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки, кој ја освои и титулата за најкорисен играч во финалната серија. Крилата Камерон Тејлор (21 поен, 8-13 од поле, 3-4 од три, 5 скока, 3 украдени топки) и Омари Мур (19 поени, 7,10 од поле, 4-6 од три, 4 скока, 2 асистенции) исто така се истакнаа, како и крилниот центар Брекстон Ки (12 поени, 6 скока).

Валенсија е шампион на Шпанија по вторпат во својата историја, а оваа сезона го освои и Суперкупот.

Центарот на Барселона, Јан Весели, ја заврши кариерата, додека клубот очекува реконструкција и заминување на тренерот Чави Пасквал.

ПретходноПолувреме: Босна чекори кон нокаут-фазата, без голови во Ванкувер
СледноПарагвајците со жалба до ФИФА: Како правилата за некого важат, а за Англија не важат?