Крис Џонс е новото засилување за Црвена Звезда

90

Досегашниот кошаркар на тимот на Макаби Тел Авив, американецот Крис Џонс е првото засилување за тимот на Црвена Звезда за новата сезона.

Се работи за искусен плејмејкер чии што бројки изминатиот период се и тоа како сериозна препорака за доаѓањето во Белград.

„Искусниот американски плејмејкер Крис Џонс е првото засилување на КК Црвена Звезда во летниот преоден рок! Крис Џонс носи одличен квалитет и искуство на позицијата организатор на натпревари во Црвена Звезда и е еден од најдоверливите плејмејкери во европската клупска кошарка. Пред сè, тимски играч кој ги става своите индивидуални квалитети до максимум во функција на тимот“ – се вели во објавата на Црвена Звезда, по повод новитетот во тимот.

ПретходноКалин Ивановски ја мина првата пречка на ИТФ М25 Загреб
СледноНејмар се опорави, но Рафиња е дефинитивно во „аут“