Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа попладнево успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција (ова важи и за мажите бидејќи Александар Китинов има настапи, но во игра на двојки).
Ѓорческа во третото коло од квалификациите – финалето ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови (61 62) за 73 минути игра. Тетовчанката покажа извонредна игра, а во продолжение го имаме и последниот поен кој ја лансираше на главниот турнир.










