Струга ТЛ и Касами ја продолжија соработката до 2028!(ФОТО)

49

Ард Касами (28) и дефинитивно останува во Струга ТЛ и во наредните две сезони. Искусниот дефанзивен играч за врска и раководството на некогашниот двоен шампион на Македонија се договорија да ја продолжат соработката до 2028 година.

Ова Струга ТЛ и официјално го објави на своите социјални мрежи.

Кога сме кај Касами, да потсетиме дека тој е “дете“ на Шкендија како роден тетовчанец. Но во 2018 направи трансфер во Струга ТЛ и во тимот од Струга е веќе цела една деценија. Важи за еден од клучните игтрачи на стружани.

ПретходноБехар Фета се врати во Марибор!(ФОТО)
СледноБосанците пеат – Проклета е Америка: БиХ најверојатно во 1/16 финалето ќе игра со САД, спектакуларно вкрстување на групите Ц и Ф!