Македонско девојче на Вимблдон! Лина со стил се избори за првиот Грен слем!

986

Фантастично! Магично! Блескав успех на нашата најдобра тенисерка. Звучи неверојатно, ама вистина е. Лина Ѓорческа ќе игра на главниот турнир на Вимблдон. На најголемиот гренслем турнир во светот, на неофицијалното СП за тенис.

Испишана е историјата на македонскиот тенис. Имено Лина Ѓорческа е првата Македонка во историјата која ќе игра на еден гренслем и тоа на Вимблдон

Прекрасни, фантастични вести од квалификацискиот турнир на Вимблдин каде нашата Лина успеа во финалето, односно во 3.квалификациско коло да ја победи Луција Бронцети од Италија и тоа со 2:0 во сетови. Лина со стил се избори за настап на главниот турнир на Вимблдон.

Првиот сет Македонката го доби со 6:1 во гемови, а во вториот сет беше 6:2.

Уште еднаш…

БРАВО ЛИНА И СЕКОЈА ЧЕСТ!!!

ПретходноВинисиус го исполни ветувањето! Сега чека подарок од Дон Карло
СледноСекоја чест за Лина: Во време на најголема тага ја испиша историјата!