Македонскиот првак, Вардар после четири години се врати во Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ добија вјалд-карта за да бидат дел од најелитното европско клупско натпреварување.
Откако ЕХФ ги откри сите учесници, денеска ги објави шеширите пред ждрепката која е закажана за утре во 11 часот во Виена.
Вардар противниците ќе ги чека од последниот шешир. Учесниците ќе бидат поделени во шест групи од по четири екипи.
Според правилата, два клуба од иста држава нема да може да играат во иста група, а со оглед на тоа што сега има ситуација кај мажите дека има три тимови од иста држава, повеќе од два не може да се најдат во иста половина од ждрепката, односно најмногу два од иста држава во дел А, Б и Ц групите, и најмногу два во групите Д, Е и Ф.
Вардар е во ист шешир со данскиот Архус, словенечкиот Целје, српскиот Партизан, швајцарскиот Криенс Луцерн и шведскиот Кристијанштад, што значи дека нема да игра против овие тимови.
Извлекувањето ќе се емитува во живо на YouTube каналот „Дом на ракометот“.











