Калин во Загреб го победи братот на Циципас!

86
Фото: Тениска федерација Молдавија

Калин Ивановски продолжува со добрите настапи во последно време. Денеска на турнирот во Загреб, во меч од 1/8 финалето успеа да го победи Павлос Циципас, најмалиот брат на славниот Стефанос Циципас со 2:0 во сетови и со тоа да се пласира во 1/4 финалето на овој турнир.

Ивановски одигра изедначен меч со тенисерот од Грција, пред сè првиот сет кога немаше ниту еден брејк и по 18 поени во „13.гем‘ Ивановски беше поуспешен со 10:8 и поведе со 1-0 во сетови. Во следниот сет единствениот брејк го направи Ивановски во 11.гем и поведе со 6:5 во гемови, а потоа сетот го заврши со 7:5.

И Прихпдко победи со 2:1 во сетови против Хлиб Секачов. Приходко на убедлив начин дојде до водство од 1-0 во сетови откако на ривалот не му дозволи ниту еден гем (6:0), но во вториот сет испушти предност од брејк и водство од 2:1, за противникот да направи два брејка прво за 3:3, а потоа и за 6:4 во гемови и да изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Приходко направи брејк и поведе со 4:3 што се покажа како решавачко.

Во текот на денот македонските тенисери ќе настапат и во конкуренција на двојки Калин Ивановски со Амар Хусеиновиќ, додека Приходко ќе игра заедно со Андреј Чепелев.

ПретходноСилекс го потпиша и Борјан Пановски!
СледноИсториска одлука на Меѓународниот олимписки комитет!