Убаво, големо признание за Јака Малус, словенечкиот ракометар во дресот на Вардар. Имено тој е избран во идеалниот тим во Лигата на Европа за минатата сезона. Секако дека ова е награда за одличните настапи на Малус во дресот на Вардар за неговите настапи во ова европско натпреварување.
Јасно е дека Малус беше еден од главните фактори што Вардар се најде меѓу најдобрите осум екипи во ЛЕ.
Покрај Малус во тимот на сезоната се и голманот Небојша Симиќ (Мелсунген), потоа Емил Јакобсен (Фленсбург), Бенце Имре (Кил), Тин Тучин (Нексе), Валентин Порт (Монтпелје), Јоханес Гола (Фленсбург).
Нема што, Малус се најде во одбрано друштво.










