Вардар ги доби противниците во Лигата на шампиони

1469

Македонскиот првак, Вардар ги доби противниците во групната фаза во Лигата на шампиони.Во следната сезона, најлитното европско клупско натпреварување ќе брои 24 екипи и истите се поделени во шест групи.

во СЦ “Јане Сандански” ќе дојдат екипите на Нант, Мелсунген и Плоцк, а Вардар се најде во групата Б. Според системот на натпреварување првите две екипи одат во следната фаза, додека последните две се селат во Европската лига.

Вардар во Лигата на шампиони се враќа после четирите години. Во ова натпреварување е двократен првак, шампионските титули ги освои во 2017 и 2019 година, на фајнл-фор учествуваше трипати.

Стартот на новата сезона ќе биде на 9/10 септември.

ПретходноГоран Кузманоски го скрати списокот за Европското првенство
СледноДи Џеј Стујард: За Македонија ќе дадам максимум