Вардарецот Јака Малус во идеалниот тим на сезоната во Лигата на Европа

62

Убаво, големо признание за Јака Малус, словенечкиот ракометар во дресот на Вардар. Имено тој е избран во идеалниот тим во Лигата на Европа за минатата сезона. Секако дека ова е награда за одличните настапи на Малус во дресот на Вардар за неговите настапи во ова европско натпреварување.

Јасно е дека Малус беше еден од главните фактори што Вардар се најде меѓу најдобрите осум екипи во ЛЕ.

Покрај Малус во тимот на сезоната се и голманот Небојша Симиќ (Мелсунген), потоа Емил Јакобсен (Фленсбург), Бенце Имре (Кил), Тин Тучин (Нексе), Валентин Порт (Монтпелје), Јоханес Гола (Фленсбург).

Нема што, Малус се најде во одбрано друштво.

ПретходноНајубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)
СледноОдбројувањето започна: Финалето на Coca-Cola Cup со директен пренос на Арена Спорт