Дамјаноска со трансфер во Романија!

45

Македонската ракометна репрезентативка, Катерина Дамјаноска својата кариера ќе ја продолжи во Романија. Имено нејзиниот нов клуб, Таргу Муреш и официјално потврди дека ја ангажирал македонската ракометарка.

Ова за Дамјаноска ќе биде прв интернационален предизвик.

Инаку Таргу Муреш е член на втората лига на Романија, но сепак е клуб со големи амбиции.

Катерина Дамјаноска во изминатиот период беше дел од составот на Ѓорче Петров, а претходно играше за Вардар.

ПретходноМладинците со убедлива победа против С.Арабија
СледноКаков потег на Реал: Го откупи Нико Паз за 9 милиони евра, па за 60 милиони повторно му го продаде на Комо!