Познат е распоредот на РК Вардар за тековната сезона во групната фаза во Лигата на Шампионите. Денеска нашиот ракометен шампион дозна во која група ќе биде, а со тоа и кои му се ривалите во таа група Б.
Вечерва е познат и распоредот или “возниот ред“.
Па така вардарци прво му гостуваат на Мелсунген, потоа играат два меча дома со Нант и Висла Плоцк. Следува гостувањето кај Висла, дома со Мелсунген и за крај со Нант на гости.
Да потсетиме дека РК Вардар е некогашен двоен европски шампион, откако во 2017 и 2019 беше најдобар на Ф4 во “Ланксес Арената“ во Келн.










