Лео Меси секако дека е најдобриот играч на сите времиња. Со ова не се сложуваат фановите на Кристијано Роналдо, но тоа е нивна работа.
Аргентинецот игра феноменално на Мундијалот и ја предводи својатѕа селекција во одбраната на светската титула, а по пет гола во првите две средби, тој повторно е тема број еден меѓу фудбалските аналитичари.
Посебно внимание привлече анализата на легендарниот Тиери Анри, кој за време на телевизискиот пренос на FOX Sports објасни зошто аргентинскиот великан е толку фантастичен речиси две децении.
Анри верува дека најголемата тајна на Меси лежи во совршеното користење на таканаречената „Зона 14“, просторот што се наоѓа централно пред противничкиот шеснаесетник.
„Многу од головите на Меси во текот на неговата кариера доаѓаат токму од Зона 14. Тој толку добро ја познава таа област што понекогаш се чини како да живее таму и таму појадува“,рече легендарниот Французин со насмевка.
За дополнително да ја објасни својата теорија, Анри покажа со помош на графички приказ каде се наоѓа споменатата зона и го анализираше хет-трикот на Меси против Алжир на тековното Светско првенство. Тој објасни дека противничките тимови честопати инстинктивно ја спуштаат последната линија бидејќи се плашат од брзината и квалитетот на размислување на Меси, со што несвесно го напуштаат токму просторот во кој Аргентинецот најдобро се снаоѓа.
Кога противниците го блокираат неговиот пристап, Меси многу често создава простор сам со едноставно додавање на страна, по што трча во Зона 14 и ја прима вратената топка, од каде што најчесто создава или завршува акции. Анри истакна дека токму разбирањето на тој простор го прави Меси уникатен играч и е причината зошто, дури и по толку години, противниците не успеваат да го сопрат.
Анализата на легендарниот Французин предизвика бројни позитивни реакции кај навивачите, кои повторно добија увид во деталите од играта на еден од најголемите фудбалери на сите времиња и можеби најдобрата лекција за тоа зошто Лионел Меси е сè уште толку доминантен на најголемата светска сцена.
🚨 Thierry Henry explains why Messi always score from the same part of the pitch 👀 pic.twitter.com/ozs6mEvu9O
— AM☬ (@AbsoluteMxssi) June 25, 2026










