Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа вчера го обезбеди својот прв историски настап на еден Гренд Слем турнир и тоа не било каде туку на легендарниот Вилмблдон. Откако ги мина квалификациските кола и обезбеди пласман на главниот турнир, денеска Ѓорческа го доби и својот противник во првото коло.
Тоа е Аманда Анисимова, американката која што во моментов е шесто рангирана тенисерка на светот. Иман 24 години и е во врвот на светкиот тенис.
Дополнително во текот на денот ќе се дознае и терминот на одигрување на мечот од првото коло.










