Холандија ја освои групата Ф, Јапонија во елиминациите оди на Бразил

129

На тековниот Мундијал полека но сигурно завршува прелиминарната, таканатечена групна фаза. Се игра третото, и воедно последно коло во кое се дознаваат селекциите лои одат во елиминациите, и оние кои си одат дома.

Синоќа свој епилог доби и групата Ф. Победник на истата е репрезентацијата на Холандија, која што обезбеди победа и во третиот дуел со 3:1 против Тунис.

„Лалињата“ и овојпат ја покажаа класата, против реално послабиот противник. По само седум минути се беше готово затоа што Шкири си постигна автогол во третата, па следуваше голот на Броби за 0:2. Мастури намали во 54. минута за да Ван Хеке во 62. го постави конечниот резултат.

Со ова прво место во групата Холандија сега оди на Мароко.

Реми на Јапонија и Шведска

Што се однесува пак до вториот дуел од оваа група, Јапонија и Шведска, овие две селекции имаа далеку повеќе калкулации во своите деведесет минути. Резултатот е 1:1, а со ова Јапонија е втора во групата, и во елиминациите оди на Бразил.

Во првото полувреме мрежите мируваа, за да Маеда во 56. минута погоди за јапонско водство. Само шест минути подоцна Еланга изедначи на 1:1, а резултатот повеќе не се промени.

 

ПретходноЕквадор со победа над Германија до нокаут-фаза, „слоновите“ го преслушаа Курасао (ВИДЕО)
СледноОчекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)