Ѓоковиќ од Вимблдон: Честитки до Лина Ѓорческа! Сакам да дојдам во Македонија!

839
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го чека својот прв настап на Вимблдон. Во вторник во 12 часот ќе стартува против Анисимова во еден од двата први натпревари во овој ден. Анисимова е моментно 6. пласирана на ВТА листата и на дуелот со Ѓорческа ќе влезе како голем фаворит.

Во меѓувреме, Новак Ѓоковиќ кој исто така е поддржувач на тенисерите од регионот, токму од Вимблдон, а за Макфакс испрати порака со поддршка за Лина. Србинот вели дека е запознаен и дека го прател настапот на Лина.

„Да, го испратив нејзиниот настап од пред два дена кога се квалификуваше. Големи честитки за неа и за македонскиот тенис, како што рековте ја испиша својата историја на овој Вимблдон. Се надевам дека ќе може да им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на куѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека се е можно“, е дел од изјавата на Ноле.

Ѓоковиќ најви посета на Македонија, која би ја организирале заедно со Лина и Калин Ивановски.

Целиот текст можете да го прочитате на овој ЛИНК. 

ПретходноНајбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа
СледноТиквеш оди на подготовки во Турција