Стефан Јевтоски со трансфер во Индонезија!

209

Стефан Јевтоски (28) играчот за врска својата кариера ќе ја продолжи во Индонезија и тоа во тимот на ПСМ Макассар, кој се натпреварува во елитната лига на таа земја. Дознаваме дека има потпис па може да се каже дека одличниот играч за врска, кој изминатите две сезони беше еден од најдобрите играчи на Струга ТЛ, веќе е дел од тимот од Индонезија.

Инаку Јевтоски својата кариера ја започна во Металург. Потоа кариерата го носеше во Локо Пловдив (Бугарија), Вараждин (Хрватска), Арсенал Киев (Украина), Работнички, Ујпешт Дожа (Унгарија) за да во летото во 2024 година дојде во тимот на Струга ТЛ.

ПретходноИнтересно: Кога се одржувале последните три СП, Новак секогаш победувал на Вимблдон!(ФОТО)
СледноПолувреме: Канада со шанси, ама мрежите мируваат