Гол-машина: Стана најдобар стрелец на Англија на Мундијалите и постигна 70 гола оваа сезона!

70
фото: Harry Kane @HKane (X)

Хари Кејн официјално стана најдобар стрелец на Англија на Светските првенства, откако на натпреварот против Панама, тој го постигна својот единаесетти гол на Мундијалите, надминувајќи го претходниот рекорд што го држеше Гари Линекер со десет.

За фантастичниот централен напаѓач, ова е 18-ти гол на големите натпреварувања, а самиот Линекер му оддаде почит на напаѓачот на Баерн Минхен.

Новиот рекорд доаѓа како круна на исклучителната сезона на Кејн со Баварците.

Сметајќи ги клупските и репрезентативните настапи, англискиот напаѓач стигна до бројката од 70 постигнати голови оваа сезона.

ПретходноЕфремовски: Фокусот е на нашата игра, мора да го дадеме максимумот против Ирска
СледноШведска остана без еден од најдобрите дефанзивци до крајот на Мундијалот