Македонскиот репрезентативен напаѓач Елмин Растодер и дефинитивно е нов член на грчкиот гигант, Панатинаикос, барем според трансфер – магот Фабрицио Романо.
Растодер денеска ги минал лекарските прегледи и го комплетирал трансферот од Тун во клубот од Атина.
Секако дека сега на ред е самиот Панатинакос и официјално да ја потврди оваа информација и секако и да го промовира македонскиот напаѓач.
Инаку Растодер беше најзаслужен за историската титула на Тун во минатата сезона, беше трансферна цел на повеќе познати европски клубови, но сепак Пао најмногу инсистираше да го доведе Македонецот и успеа во тоа.










