Познато е дека оваа 2026/27 сезона во квалификациите во Лигата на Конференции, Македонија ќе ја претставуваат Шкендија и Силекс. Познати се и ривалите а и термините, а сега се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на овие четири натпревари.
На 9 јули на Гибралтар од 19:30 часот Шкендија му гостува на составот на Европа, а главен судија ќе биде Константинос Фелас од Кипар.
Реваншот се игра на 16 јули на Арената “Тодор Проески“ во Скопје од 20 часот, а за овој меч за главен судија е одреден Антон Лашук од Белорусија.
Силекс исто така првиот меч против Динамо Минск ќе го игра како гостин и тоа во Стара Загора (Бугарија) на 9 јули од 19 часот. На овој меч главен судија ќе биде Јохан Хендрик Елефсен од Фарски Острови.
Реваншот се игра на 16 јули на ФФМ во Скопје од 20 часот. За главен судија одреден е Мариус Хансен Грота од Норвешка.










