Марез со изјава потврди сомнеж за договорен натпревар меѓу Алжир и Австрија

99
фото:City Xtra @City_Xtra (X)

Најдобриот фудбалер на Алжир, Ријад Марез се најде во центарот на скандал откако неговата изјава за крајот на натпреварот против Австрија разгоре сомнежи за наместен меч. На крајот, резултатот беше 3:3, што им гарантираше и на Алжир и на Австрија пласман во осминафиналето на Светското првенство, но начинот на кој беше постигнат резултатот предизвика бројни контроверзии.

Наместо да ја смири ситуацијата, изјавата на Марез за медиумите практично ги потврди сомневањата дека постоел премолчен договор за резултат што им одговара на двата тима.

„Ја ширевме играта, а тие се повлекуваа. Но, во последната минута некој ми ја протурка топката низ средината. Морав да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека е малку срамно, но така е. Топката дојде пред голманот и морав да шутирам, морав да се обидам да постигнам гол“, рече Марез, продолжувајќи во иста насока: „И доброто е – добро за нив – што на крајот постигнаа гол и поминаа понатаму. И двата тима поминаа понатаму и тоа е најважното нешто.“

ПретходноИН МЕМОРИАМ – Почина Марјан Јованов, поранешен претседател на ОФМ
СледноДимитар Митревски е назначен за нов претседател на ФК Пелистер