Димитар Митревски е назначен за нов претседател на ФК Пелистер

101

ФК Пелистер денеска најави поставување на нов претседател на клубот. По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, прва задача на акционерот – Општина Битола е изборот на новиот претседател.

„По заминувањето на Александар Стефановски довербата да го води клубот му е доверена на Димитар Митревски. Единствениот и за нас најдобриот кандидат за претседателското место, на наше задоволство, прифати да го предводи проектот и заеднички да се обидеме да го вратиме клубот во самите височини на македонскиот фудбал. Митревски има 45 години, зад себе остварил успешни проекти од сферата на маркетингот и спортот, а во јавноста најпознат е по раководењето на РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер. Тој веднаш ќе започне со работа и наскоро ќе го објави и планот на работа и ќе го избере новиот шеф на стручниот штаб. Клубот ќе го официјализира и стартот на подготовките и планот на припреми ова лето“, објавија од ФК Пелистер.

ПретходноМарез со изјава потврди сомнеж за договорен натпревар меѓу Алжир и Австрија
СледноМакедонската штафета 4х400 метри со нов национален рекорд