Новиот македонски репрезентативец потврди дека оди во Барселона

207

Американскиот центар Мозес Рајт кој пред неколку дена беше објавено дека добива македонски пасош и ќе го облече дресот на нашата репрезентација, официјално потврди дека ќе ја продолжи кариерата во Барселона, со што стави крај на шпекулациите за неговата иднина.

За време на фестивалот „Стоиксиман ЕгејтБол“, Рајт во едно интервју одговори на прашање дали ќе го носи дресот на каталонскиот гигант следната сезона.

„Да, одам во Блауграна. Во Барселона. Ова е тимот за кој ќе играм следната сезона“, рече Рајт.

27-годишниот центар ја помина минатата сезона во Жалгирис, каде што имаше просек од 13,2 поени и 6,5 скока во 42 натпревари од Евролигата, помагајќи му на литванскиот клуб да стигне до плејофот.

ПретходноДиоманде го „откачи“ Ливерпул, сака трансфер во ПСЖ
СледноИвановски ги предводи македонските тенисери на турнирот во Скопје