Пелистер брзо се огласи по фијаското, а само среќните фанови имаа шанса да испратат порака!

1
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер не успеа да дојде до победа на првиот натпревар од Европската лига и тоа на домашен терен. Вечерва македонскиот тим доживеа вистински дебакл во преполната салата „Боро Чурлевски“, Ла Риоха им одржа час на ракометарите на Пелистер, си замина со убедлива победа од 24-31.

Шпанците доминираа во текот на сите 60. минути, на другата страна искусниот стратег Лино Червар немаше одговор за нивната игра, неговите препознатливи „седум на шест“ беа бледа слика.

После поразот од таборот на Пелистер се огласија кратко потсетувајќи ги ракометарите дека ваква игра повеќе не смее да се повтори. Админот брзо ги затвори коментарите, а среќните фанови им се „зблагодарија“ на ракометарите за убавиот роденденски подарок на „Чкембари“ кои прославуваат 41-годишен јубилеј од нивното постоење.

ПретходноКаков дебакл на Пелистер и Лино Червар: Ла Риоха држеше лекции по ракомет среде Битола!