Јакомовски со 11 поени во дебито во Еврокупот, Наполи победнички против шампионот

24

Андреј Јакимовски со победа го започна настапот во Еврокупот со Наполи. Италијанскиот тим на домашен терен славеше над француски Бург со 84:76 и на тој начин успешно ја отвори европската сезона.

Македонскиот репрезентативец доби нешто повеќе од 23 минути на паркетот, период кој го искористи за да постигне 11 поени. На својот учинок додаде и четири скока и една асистенција.

За Бург ова беше неуспешен старт во одбраната на титулата, со оглед дека францускиот состав минатата сезона го освои трофејот во Еврокупот.

Во ова натпреварување победнички ја започна сезоната и Ненад Димитријевиќ со грчки Арис.

ПретходноПелистер брзо се огласи по фијаското, а само среќните фанови имаа шанса да испратат порака!
СледноЛино Червар: Изненаден сум што паднавме без испукан куршум!