Вардар со два гола на Закариќ славеше со 3:2 против Виртус

210

Шампионот Вардар на подготовките во Италија вечерва одигра пријателски натпревар со нисколигашот Виртус остварувајќи победа од 3:2.

По асистенција на Пиреш, Закариќ го отвори резултатот во 7. минута за 1:0, по што дарко Велкоски во 20. минута му донесе водство на Вардар и ос 2:0, овој пат по асистенција на Закариќ.

Во три минути во вториот дел Виртус успеа со два гола да дојде до 2:2. Победата на Вардар ја донесе Закариќ со гол во 80. минута, по втората асистенција на Пиреш.

Претходно„Билд“: Пет фудбалери на Германија синоќа не сакале да шутираат пенал
СледноНов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција