Познатиот синџир на клиники од и во Турција „Медикал парк“, е спонзорот со кој Башкими се наоѓа во финална фаза од преговорите. Станува збор за голем, огромен бренд во медицината кој од пред неколку месеци е влезен и со бизнис во Македонија.
„Медикал парк“ во Турција е спонзор на многу спортски брендови и натпреварувања. А додека се чека епилог од преговорите со спонзорот, екипата е во мирување и исчекување иако времето лета а стартот на сезоната е речиси за три недели.
Се најавува голема инвестиција, стабилен буџет и силна екипа, но… сето тоа сега е само на зборови.
Утре е прозивката со Муарем Муарем
Во исчекување на финансиското консолидирање на клубот, во Башкими одлука дека фудбалерите и стручниот штаб немаат време за чекање. Па така утре во Куманово ќе се прави и приозивката и тоа со новиот тренер. Муарем Муарем се враќа на клупата во Башкими откако лани не успеа да обезбеди опстанок со Работнички. Паралелно со стартот на тренинзите ќе се склопува и екипата за новата сезона. Се зависи и од парите…
Во Македонија сеуште е Аворнио, нивниот најдобар фудбалер од ланската сезона, но има најави дека тој си оди и нашол нов предизвик во клуб од Азија.















