Франција – Шведска 1:0 по првото полувреме од дуелот во 1/16 финалето на СП кој се игра во Њу Џерси. Голот беше дело на Килијан Мбапе во 45.минута откако претходно Франција имаше повеќе шанси за гол. Мбапе стрелаше во 20.минута, но ВАР го поништи. Видовме магичен волеј на Олисе во 36.минута кога го погоди левиот дирек на Шведска, Дембеле во неколку наврати се закани, имаше и два зицери, но сепак на пауза се замина само со тие 1:0.
🇫🇷🎯 FRANCE HIT THE POST TWICE IN THE FIRST HALF, FIRST WITH MBAPPÉ AND THEN WITH MICHAEL OLISE!!! pic.twitter.com/DWF2j6EeaV
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 30, 2026
Интересно, Шведска подобро го отвори полувремето, Исак имаше свои шанси во три наврати, а Строуд во 45+2.минута имаше супер шанса за 1:1, но немаше среќа.
Сепак гледаме одличен фудбал, одлична Франција, ама добра и Шведска.
Да потсетиме дека победникот од овој меч во 1/8 финалето ќе игра против Парагвај.










