Наковски Волеј ќе биде македонски претставник во Балканскиот Куп

26
Фото: Одбојкарска Федерација на Македонија

Вицешампионот во Првата женска лига и финалистот од Купот на ОФМ, Наковски Волеј пријави учество во БВА Балканскиот клупски куп 2026.

По ланското премиерно учество во европскиот Челинџ куп, во новата сезона еден од најдобрите македонски клубови ќе се „проба“ во балканското друштво, со екипите од регионот.

Наковски Волеј покрај апликацијата за учество поднесе и барање за организација на турнир.

БВА купот традиционално се одржува пред почетокот на новата сезона – септември или почетокот на октомври, а победникот од ова натпреварување обезбедува пласман во ЦЕВ Челинџ купот.

ПретходноРеми со Зорја на последниот тест за Шкендија
СледноБорче Христов седнува на клупата на Пелистер