Полувреме: Мало „ремек-дело“ на Нуса за водство на Норвешка (ВИДЕО)

65
фото: India Today Sports (X) @ITGDsports

Со еден извонреден погодок на Антонио Нуса, Норвешка води со 1:0 по првото полувреме на шеснаесетфиналниот дуел со Брегот на Слонова Коска. Во полувреме во кое до до таа 39. минута видовме само по една полушанса, потоа добивме извонредно интересна завршница.

Нуса со една соло-акција успеа да пласира во горниот лев агол од голот на Фофана и да ги донесе „викинзите“ до поредност. Само неколку моменти потоа Халанд по одлична асистенција на Сорлот мораше да погоди за 2:0, но Сангаре го изблокира во последен момент, па во низа следуваше уште една шанса по корнер, откакО Сорлот со глава биеше крај голот.

„Слоновите“ се заканија во финишот, но не успеја да израмнат.

ПретходноМладинскиот репрезентативец Дураков потпиша за Инголштад
СледноРеми со Зорја на последниот тест за Шкендија