Реми со Зорја на последниот тест за Шкендија

68
фото: KF Shkëndija (FB)

Екипата на Шкендија во рамките од подготовките во Словенија вечерва го одигра и последниот тест-дуел против украинскиот тим Зорја. Дуелот заврши без победник, 2:2.

Зорја отвори со голот на Јелавиќ во 21. минута, по што следуваше погодок на Трумчи во 30. минута за 1:1.

Во вториот дел Зорја повторно дојде во водство преку Јањиќ од пенал во 65. минута, а конечните 2:2 ги постави Тамба во 72. минута.

Претходно, Шкендија загуби од Хајдук со 0:4, а на првиот дуел беше забележана победа од 2:1, против екипата на Копер. На дуелот со Целје, тетовци беа поразени со 1:0.

ПретходноПолувреме: Мало „ремек-дело“ на Нуса за водство на Норвешка (ВИДЕО)
СледноНаковски Волеј ќе биде македонски претставник во Балканскиот Куп