Турците од „Медикал парк“ се џокерот на Башкими!

394
ФОТО: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947/FB

Познатиот синџир на клиники од и во Турција „Медикал парк“, е спонзорот со кој Башкими се наоѓа во финална фаза од преговорите. Станува збор за голем, огромен бренд во медицината кој од пред неколку месеци е влезен и со бизнис во Македонија.

Медикал парк“ во Турција е спонзор на многу спортски брендови и натпреварувања. А додека се чека епилог од преговорите со спонзорот, екипата е во мирување и исчекување иако времето лета а стартот на сезоната е речиси за три недели.

Се најавува голема инвестиција, стабилен буџет и силна екипа, но… сето тоа сега е само на зборови.

Утре е прозивката со Муарем Муарем

Во исчекување на финансиското консолидирање на клубот, во Башкими одлука дека фудбалерите и стручниот штаб немаат време за чекање. Па така утре во Куманово ќе се прави и приозивката и тоа со новиот тренер. Муарем Муарем се враќа на клупата во Башкими откако лани не успеа да обезбеди опстанок со Работнички. Паралелно со стартот на тренинзите ќе се склопува и екипата за новата сезона. Се зависи и од парите…

Во Македонија сеуште е Аворнио, нивниот најдобар фудбалер од ланската сезона, но има најави дека тој си оди и нашол нов предизвик во клуб од Азија.

ПретходноДраган Поповски се враќа како директор во Работнички!
СледноГРК Охрид се пофали: Мартин Ивановски е седмото официјално засилување за наредната сезона!(ФОТО)