Официјално: Димитријевиќ во дресот на Арис!(ФОТО)

148
ФОТО:.facebook.com/arisbc.gr/

Сега веќе е официјално. Ненад Димитријевиќ својата кариера ќе ја продолжи во Арис, во еден од најголемите клубови во Грција. Најавите остварија, веќе неколку дена се шпекулираше за овој транфер на нашиот најдобар кошаркар, и еве попладнево раководството на Арис, клуб од Солун, се пофали дека успеал да го ангажира македонскиот кошаркар.

Инаку Нено прво го раскина договорот со Зенит, а откако му истече позајмицата со Баерн Минхен, јасно беше дека трансферот во Арис набрзо ќе се официјализира. Еве тоа попладнево и се случи.

Нено со Арис потпиша двогодишен договор и тоа на инсистирање на тренерот Василис Спанулис откако имаше одлични настапи во изминатиот период во дресот на Баерн Минхен.

ПретходноМалески “тресеше“ за реми за Струга ТЛ против Динамо Сити
СледноМаестралниот Хари Кејн ја однесе Англија во 1/8 финалето!(ВИДЕО)