Полувреме: На повидок сензација – ДР Конго со водство против Англија!(ВИДЕО)

121
ФОТО:x.com/FIFAWorldCup

Англија – ДР Конго 0:1 по првото полувреме во меч од 1/16 финалето кој се игра во Атланта. Дали на повидок е сензација на Мундијалот? Тоа останува да видиме во второто полувреме. Инаку голот за Африканците беше дело на Ципенга во 7.минута. Во поголем дел од првите 45.минути Англија речиси да не играше ништо, само во последните 15 минути избраниците на Томас Тухел тргнаа со сите сили во напад, по израмнување и пресврт. Кејн двапати, Рашфорд и Белингем имаа убави шанси, но на пауза се замина со сензационално водство на ДР Конго со 0:1.

Треба да се каже дека Конго преку Виса во 43.минута имаше супер шанса, но ја погоди само стативата. Англија имаше многу среќа.

Јасно е дека сега големиот фаворит е на потег.

ПретходноТВ Тера: Понуда до општина Битола за купување на ФК Пелистер од американски инвеститор, не завршила со договор!(ФОТО)
СледноСтојаноски: Целта е две победи од двата квалификациски мечеви