Јокиќ ги однесе српските кошаркари во кафеана и направи шоу (ВИДЕО)

445

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ никогаш не криел дека сака добро време, кафеана и песна, па го видовме ова лето како знае да се забавува. На социјалните мрежи се појавија видеа во кои го видовме Јокиќ како ужива во настапот на познатиот српски пејач Урош Живковиќ.

Песната која најмногу го погоди е „Prokleta je Amerika“ (Проклета Америка).

Постоиприказна дека еднаш го скршил телефонот поради оваа песна, бидејќи го потсетила на заминувањето на неговата сегашна сопруга Наталија на студии во САД, каде што подоцна замина самиот.

Моментот можете да го видите ТУКА. 

Српската кошаркарска репрезентација се подготвува за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство, на кои ќе настапи капитенот Никола Јокиќ. Прво игра против Швајцарија (2 јули) на гости, а потоа и против Босна и Херцеговина (6 јули) во Белград.

ПретходноБарбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој
СледноПСЖ го официјализираше Шпанецот кој на Вардар му донесе втора титула во ЛШ