Доминантниот Мексико го елиминираше Еквадор за осминафинале на Светското првенство (ВИДЕО)

68

Репрезентацијата на Мексико го победи Еквадор со 2:0 и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство благодарение на головите на Хулијан Кинонес и Раул Хименез. Заедно со одличната игра на Мексиканците дома, натпреварот беше обележан со едночасовно доцнење поради грмотевици.

Мечот започна во 4 часот наместо во 3 часот по македонско време. Непосредно пред почетокот, ФИФА размислуваше да ги елиминира паузите за хидратација за да го надомести изгубеното време, но таа идеја пропадна.

Мексико ќе го игра осминафиналето на домашен терен, на стадионот „Ацтека“, на 6 јули во 2 часот наутро. Нивниот противник ќе биде победникот од натпреварот помеѓу Англија и ДР Конго, кој е закажан за денес во 18:00 часот.

 

ПретходноКако да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)
СледноДешамп го извади од игра Мбапе и направи голем потег (ВИДЕО)