Лапорта ја потврди понудата на Барса за Алварез: Тој одамна сака да игра за нас!

44
ФОТО: FC Barselona/X

Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, за прв пат јавно коментираше за интересот на Каталонците за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, потврдувајќи дека клубот веќе доставил официјална понуда.

Разговарав лично со раководството на Атлетико и им го објаснив нашиот став. Деко даде конкретна понуда за Хулијан. Знаеме дека тој сака да игра за Барселона уште пред да дојде во Манчестер Сити. Со големо почитување им пристапивме на Атлетико и на Енрике Серезо и Мигел Анхел Жил Марин“, рече Лапорта.

Според него, Атлетико објасни дека во моментов нема намера да го продаде аргентинскиот интернационалец, бидејќи немаат замена.

Им кажав дека ако најдат алтернатива, нашата понуда останува валидна. Ќе ја задржиме колку што сметаме дека е потребно, но нема да чекаме бесконечно за одлуката на Атлетико. Тие знаат што сакаме и ако одлучат да го направат договорот, ќе бидеме многу среќни“, додаде претседателот на Барселона.
Лапорта нагласи дека Каталонците нема да вршат притисок врз мадридскиот клуб.

ПретходноНовак брзо го “скрши“ Циципас за пласман во 3.коло на Вимблдон!