Полувреме: Сенегал не се шегува – Диара за водство против Белгија!(ВИДЕО)

36
ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/

Изненадување или не по првото полувреме во Сиетл на мечот од 1/16 финалето на СП меѓу Белгија и Сенегал. Африканците водат со 0:1 и тоа со голот на Диара во 25.минута. И не само поради голот и ова водство, туку и поради се она што репрезентативците на Сенегал покажаа во овој период од мечот, со оглед на тоа дека имаа најмалку уште две големи шанси за уште некој гол пред Диара да го совлада Куртоа.

Белгија, која важеше за фаворит на хартија пред мечот, по примениот гол тргна со сите сили по израмнување, ама на пауза замина со резултатска негатива.

Претходно“Бомба“ во НБА: Леброн во Денвер кај Јокиќ?!
СледноНовак брзо го “скрши“ Циципас за пласман во 3.коло на Вимблдон!