Досегашниот играч на косовскиот тим на Лапи, Ландрит Рама и официјално е нов играч на тимот на Струга ТЛ.
Стоперот пристигнува во Струга во својот прв интернационален обид, затоа што досега има настапувано само во косовскиот шампионат.
Момчето родено инаку во Швајцарија, е левоног и може да настапува на двете стоперски позиции, но и на левата бековска позиција.
Тоа значи дека може да биде користен речиси на сите позиции во дефанзивата. Има 29. години и е висок 194. сантиметри.















