Пари Сен Жермен ја официјализираше соработката со Шпанецот, Роберто Гарсија Парондо како главен тренер почнувајќи од сезоната 2027/2028.
„Исклучително ми е чест што се приклучувам на Пари Сен Жермен. Тоа е голем клуб во европскиот ракомет, познат по својата амбиција, високи стандарди и силен идентитет. Тоа е огромна одговорност, но и предизвик што го прифаќам со голем ентузијазам. Се радувам на соработката со играчите, персоналот и целиот клуб за да продолжиме да ја пишуваме историјата на Пари Сен Жермен“, изјави Парондо.
Тој е вториот Шпанец со кого Вардар успеа да ја освои шампионската титула во ЛШ.
View this post on Instagram










